ТРАЈАН

ТРАЈАН (Ⅺ в.) – четвртиот син на царот Јован Владислав. Со мајка му Марија и еден дел од царското семејство лично го пречекал Василиј Ⅱ во Охрид (летото во 1018), по што бил дел од триумфалната поворка. Неговата лоза се етаблирала во Византија – ќерката Марија и внуката Ирина се ородиле со семејствата Дука и Комнени. ЛИТ.: С. Пириватрич, Самуиловата дÍржава, обхват и характер, София, 2000. Б. Петр. Борис Трајанов