ТОШЕВ-ЛЕФТЕР, Пере

ТОШЕВ-ЛЕФТЕР, Пере (Петар) (Прилеп, 1865 – с. Фариш, Тиквешко, 4. Ⅴ 1912) – учител, војвода, учесник во Илинденското востание. Основно училиште завршил во Прилеп, гимназија во Пловдив (1885). Учителствувал во Прилеп (1892–1901), Скопје, Битола и во Солун. Во Битола бил првиот претседател на ОРК на МРО. Бил член на МРО од 1894 г., а член на ЦК на ТМОРО станал од 1898 г. По Солунската афера (1901) бил осуден на 101 г. и спроведен во затворот во Подрум Кале, Мала Азија. По амнестијата (1902) се вратил во Солун, а оттаму во Битола и во Прилеп, каде што живеел полулегално. Иако не се согласувал со решението за недоволно подготвеното востание, активно учествувал во Илинденското востание. Присуствувал на Прилепскиот (1904) и на Рилскиот конгрес (1905), каде што повторно бил избран за член на ЦК на ВМОРО. По Младотурската револуција станал егзархиски училиштен инспектор во Солунскиот округ (1910–1911). Предаден и следен од аскерот, бил убиен во заседа во Дреновската Кли-Крум Тошев сура. Погребан во дворот на црквата во с. Фариш, Тиквешко. ЛИТ.: Љ. Лапе, Животот и делото на Пере Тошев, Пристапни предавања, МАНУ, Скопје, 1974; А. Трајановски, Пере Тошев (1865–1912) во историските извори и литература,„Гласник на ИНИ“, ЏЏЏИ, 1, Скопје, 1987. Ал. Тр. Иван Тошевски