ТОШЕВСКИ, Игор

ТОШЕВСКИ, Игор (Скопје, 27. Ⅸ 1963) – графичар и мултимедијален уметник. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Хелсинки (1988). Член е на групата Зеро. Самостојно излагал во Хелсинки, Скопје, Велес, Куманово, Ерланген, Љубљана. Со проникнување меѓу различни визуелни јазици навлегува во социјалните простори поврзани со транзицијата во македонското општество (Досие 96, 1996: Процес, 2004). М. Б.-П. Стојче Тошевски