ТОШЕВСКИ, Иван

ТОШЕВСКИ, Иван (Битола, 22. Ⅷ 1929 – Скопје, 2. Ⅷ 2008) – новинар, публицист и дипломат. Работел како новинар во Радио Скопје (1953–1961), а од есента 1963 г. во Телевизијата. Бил директор и главен уредник на Телевизија Скопје (1967-1970), во периодот значаен по напорите за воведување централна информативна емисија на македонски јазик, самостојно учество во дневната телевизиска размена и опремување со современа студиска техника. Потоа, бил амбасадор во Нов Зеланд и во Финска и ангажиран како експерт за човекови права во Обединетите нации. Станал советник на Претседателот и на Владата на Република Македонија(1991–2003). Учествувал во бројни активности на меѓународен план: Конференцијата за Југославија во Хаг и во Брисел, приемот на Македонија во ООН, преговори околу името во ООН и др. Ј. Ф. Игор Тошевски