ТОЧКО, Иван

ТОЧКО, Иван (Охрид, 9. И 1914 – Скопје, 12. Ⅺ 1973) – раскажувач, драмски автор. Ги завршил Правниот факултет во Белград и Театарската акдемија во Софија. Бил уредник во „Нова Македонија“, главен уредник во Радио Скопје и на сп. „Македонија“. ДЕЛ: раскази: Бојана, Ск., 1953; Акорди, Ск., 1956; Прстен, 1959; Раскази; Ск., 1962; Вино за душите, новелети, Ск., 1968; Премиера, Ск., 1970; Грев, лирски минијатури, Ск., 1971; драмите: Плуто, Ск., 1972 и Охридска трилогија: Под Акропол, Робинка и Плуто, Ск., 1974. В. Тоц. Димче Тошев