ТОФОВИЌ, Петар Стеванов

ТОФОВИЌ, Петар Стеванов (Тетово, 3. Ⅱ 1920 – Скопје, 21. Ⅶ 1990) – неврохирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Основач на Неврохируршкото одделение и на неврохирургија во Република Македонија(1959). Се занимавал со невротраума и ја создал неврохируршката школа. Бил директор на Неврохируршката клиника (1959–1984). Објавил над 80 научно-стручни трудови и две книги од областа на неврохирургијата. Бил член на Европската асоцијација за неврохирургија. БИБ.: Вовед во современа неврохирургија, Скопје, 1984; Современа неврохирургија, Скопје, 1988. Ал. Ставр.