ТОСЕВСКИ, Јосиф Трајчев

ТОСЕВСКИ, Јосиф Трајчев (Свети Николе, 14. Ⅱ 1943) – ветеринар, редовен проф. на ФВМ во Скопје. Докторирал на Ветеринарниот факултет во Белград (1984). Бил директор на Управата за ветеринарство (1998–2000) и декан на ФВМ. Има објавено 48 научни и стручни трудови и основен учебник од предметот Патолошка физиологија на цицачи и птици. М. Д. – Ј. Б.