ТОРАНИЦА

ТОРАНИЦА – рудник на Пб, Зн руда, кој се наоѓа во северните делови на рудниот реон СасаТораница, на планината Осогово. Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат карпи од метаморфниот комплекс (гнајсеви, кварц–графитични шкрилци и др.) и терциерни вулканити (кварцлатити). Серијата на кварц–графи-

Рудари во рудникот „Тораница
тични шкрилци е од посебно значење, бидејќи во неа се наоѓа најголемиот дел од оловно-цинковото оруднување. Содржината на главните метали во наоѓалиштето во просек е: 5% Пб, 3% Зн, 20г/т Аг. Главни рудни минерали и носители на оловно-цинковото оруднување се галенитот и сфалеритот, следени од пирит, пиротин, магнетит, самороден бизмут, бизмутин, халкопирит, енаргит и др. Наоѓалиштето според генетските услови на настанувањето припаѓа на хидротермалните метасоматски наоѓалишта во скарновите, или честопати со право се вбројува во групата на скарновски наоѓалишта на олово и цинк.
ЛИТ.: Тодор Серафимовски, и М. Александров, Наоѓалишта и појави на олово и цинк во Република Македонија, Посебно издание бр. 4, РГФ. Штип, 1995. Т. Сер.

Напишете коментар