ТОПУРКОВСКИ-ТИТАН, Димитар

ТОПУРКОВСКИ-ТИТАН, Димитар (с. ОШТИМА, Леринско, 1911 – 3. Ⅱ Скопје, 1981) – учител, учесник во Македонското националноослободително и антифашистичко движење во Егејскиот и во Вардарскиот дел на Македонија. Во 1943 г. бил командант на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“, потоа командант на баталјон на Првата МНОУ бригада, началник на бригада на НОВ во Вардарскиот дел на Македонија и офицер на ЈНА. ЛИТ.: Монографија на с. ОШЧИМА, Леринско, Архив на ИНИ, Хр. Ⅳ, 42. Ст. Кис.