ТОПУЗОВСКИ, Благоја Стратев

ТОПУЗОВСКИ, Благоја Стратев (Галичник, 10. Ⅱ 1932) – редовен професор (1979) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 1996 г.). Дипломирал (1956) и докторирал (1965) во Скопје. Изведувал настава по Физичка хемија за студенти по хемија, по Општа хемија за студенти по физика и, најдолго, по Медицинска хемија на Медицинскиот и на Стоматолошкиот факултет. Имал 4 кратки студиски престои на Карловиот универзитет во Прага. Главниот интерес во научната работа му е за електроаналитичката хемија (особено во врска со определувањето на константите на стабилност на комплексни соединенија). почнал да работи на поларографски истражувања и во оваа проблематика вовел неколкумина соработници. Објавил 35 труда (предимно во домашни списанија и зборници) и имал педесетина соопштенија на меѓународни и домашни научни манифестации. Ав-тор/коавтор е на четири средношколски учебници и едно учебно помагало. Бил продекан на Хемискиот и на Природно-математичкиот факултет, шеф на Институтот за хемија, раководител на Заводот за неорганска хемија. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 223; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 249– 250. Б. ш.