ТОПОЛИЊСКА, Зузана

ТОПОЛИЊСКА, Зузана (Тополивска, Зузанна) (Варшава, Полска, 2. И 1931) – лингвист, славист; специјалист за западнословенските и јужнословенските јазици; дијалектолог, синтаксичар со тежиште врз македонскиот јазик. Во 1983 г. преселена во Република Македонијаи работела како проф.-гостин на Кат. за слав. при Филолошкиот факултет по граматика на полскиот јазик (1983–1999), а потоа 1992–1999 го воведува предметот вовед во славистиката. Избрана за член на МАНУ надвор од работниот состав (1976), а по добивањето македонско државјанство во редовниот состав (1996), со пристапно предавање Кон дефиницијата на членот (1979). Т. соработува во лингвистичките проекти на МАНУ раководени од акад. Б. Видоески. Заедно го иницираат сп. СЛПЈ (подоцна СЛПМ). Од 1996 г. го презема раководењето на проектот Македонско-полска граматичка конфронтација, а од 1998 ги раководи проектите Меѓународни лингвистички атласи и Дијалектите на македонскиот јазик.Од 2000 г. раководител на новооснованиот Истражувачки центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ. Член е на Варшавското научно друштво (1983), на ПАУ во Краков (1991) и на САНУ (1997). Во 1997 г. Т. е избрана за доцтор хонорис цауса на Универзитетот „Кирил и Методиј“. За научната активност има добиено неколку награди и признанија од ПАН, од МНР на РП (1978 и 2005), од Република Македонија(1989) и од СФРЈ (1990). Во почетниот период на научната активност (1954–1964) во центарот на вниманието на Т. се наоѓа западнословенската фонолошка и прозодиска проблематика. Од 1964 г. се занимава главно со семантички ориентираната граматика на западнословенските и јужнословенските јазици, пред с“ на полскиот и на македонскиот јазик. БИБ: Полски-македонски граматичка конфронтација 1, 2, 3, 5, 6, 7 (1981–2006); Студии од македонско-бугарската јазична конфронтација (1996); Македонските дијалекти во Егејска Македонија, кн.1. „Синтакса“ 1 и 2 (1995, 1997). М. Мирк. Благоја Стратев Топузовски