ТОПОЛА

ТОПОЛА . (Популус Л., фам. Салицацеае) – родот содржи околу 30 вида високи листопадни дрвја од Северната хемисфера. Листовите се прости, на долга, сплескана дршка. Има дводомни со еднополни цветови, собрани во цветни реси. Плодовите се мали чушки со сит-но семе, снабдено со бели влакна. Виреат во крајречната растителност. Во Република Македонијаприродно се застапени: белата топола (П. алба Л.) со сивобела кора, со бели и влакнести леторасти и со листови со јајце-Тополи видна форма на кусорастите и со засечени лапи на долгорастите, сребренестобели од грбот; црната топола (П. нигра Л.), со ромбични или со триаголни, мазни листови и со испукана сиво-кафеава кора; сивата топола (П. џ цанесценс См.), природен хибрид меѓу белата топола и јасиката. Ал. Анд. Зузана Тополињска