ТОМОСКИ, Томо

ТОМОСКИ, Томо (Скопје, 22. ⅩⅠⅠ 1915 – Скопје, 2004) – историчар, универзитетски професор. Завршил историја на Филозофскиот факултет во Љубљана (1948), хабилитирал (1958) на Филозофскиот факултет во Скопје. На истиот факултет работел како асистент (1949–1950), предавач (1950–1958), доцент (1958–1963), вонреден професор (1963–1970) и редовен професор (1970–1983). Бил продекан на Филозофскиот факултет, шеф на Катедрата за историја. Предавал Општа историја на средниот век. Дал голем придонес во оформувањето и во афирмацијата на македонската медиевистика, познат и по теренските истражувања. Автор е на монографии, научни и стручни трудови. ЛИТ.: К. Аџиевски, Педагошка вечер посветена на професорот Томо Томоски, „Историја“ ХХХ„„„/1–2, (1997), Скопје, 1998; Професорот Томо Томоски (1915– 2004), „Историја“ ЏЛ/1–2, 2004. К. Аџ. Томпсонова чуваркуќа