ТОМОВСКИ, Мирче

ТОМОВСКИ, Мирче (Скопје, 30. Ⅶ 1943 – Скопје, 11. Ⅹ 2006) – новинар, публицист и општественик. Завршил Правен факултет во Скопје. Од 1967 г. е во Радио Скопје како соработник во Скопската и Втората програма, коментатор, главен и одговорен уредник на Информативно-политичката програма. Во времето на македонскиот либерализам директор на Центарот за идејно-политичка работа, потоа извршен секретар на ЦК на СКМ. На новинарството му се вратил како уредник (1991) на политичкиот седмичник „Пулс“, од 1998 г. до неговото затворање главен и одговорен уредник. Автор е на публицистички публикации. Починал како директор на Дописништвото на „Политика“ за Македонија. Б. П. Ѓ. Сотир Томоски