ТОМОВСКИ, Душан

ТОМОВСКИ, Душан (Дебар, 16. Ⅷ 1925 – Чикаго, САД, 18. Ⅹ 1979) – литературен преведувач, научен работник. Дипломирал на четири групи на Филозофскиот факултет во Скопје: физика, германски јазик и литература, француски јазик и литература, англиски јазик и литература. Работел како професор на Филозофскиот факултет (шеф на Катедрата за германски јазик и книжевност. Негови најзначајни преводи се: Фауст од Гете (прв дел, 1977, втор дел, 1978; Малечката Фадета од Ж. Санд (1963); Песна за Нибелунзите (1979); Дуински елегии / Сонети за Орфеј од Р. М. Рилке (1983). Преведувач е и на антологиите: Современи германски раскази (1976, со Р. Грчева); Германска поезија на 20 век (1978) и Австриска поезија на 20 век (1982, со Р. Грчева). Посмртно беше одликуван со високото германско признание „Гетеов медал“. П. Гил. Крум Томовски