ТОМОВСКИ, Драган

ТОМОВСКИ, Драган (Скопје, 11. Ⅴ 1911) – архитект и урбанист. Развива богата архитектонска и урбанистичка дејност. Проекти-Драган Томовски рал бројни објекти со различни намени, од кои преовладуваат станбени згради и општествени објекти, доследно спроведувајќи го интернационалниот стил. Позначајни остварувања: Учителската школа со интернат во Битола (1946); станбени блокови во населбата „Карпош“, Скопје (1947); хотелот „Турист“ во Скопје (1958); станбени кули во населбата „Аеродром“ (1974) и во населбата „Капиштец“ (1975); зградата на Општинското собрание во Свети Николе (1975). Изработил детални урбанистички планови на „Скопје Север“ и на населбата „Кисела Вода“ во Скопје и урбанистичко решение за центарот на Св. Николе. ЛИТ.: К. Томовски, Архитект Драган Томовски (1911), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за про-учувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 101-106. Кр. Т. Душан Томовски