ТОМИ, Лезе

ТОМИ, Лезе (Призрен, Косово,5. Ⅱ 1933) – актерка. Член е на Албанската драма на Театарот на народностите во Скопје (1959-1991). УЛОГ: Манде, Александра (во истоимените дела), Кате („Парите се отепувачка“), Петрија („Чорбаџи Теодос“), Х („Мртвите не плаќаат данок“), Донка („Бегалка“), Сестрата („Големата вода“), Лезе Томи Аница („Клопче“), како и во претставите „Антигона“, „Електра“, „шума“, „Изгубената принцеза“, „Лоша жена“, „Смртта на Беси Смит“ и др. Р. Ст. Глигорие Томиќ