ТОМИЌ, Љубомир

ТОМИЌ, Љубомир (Скопје, 7. Ⅱ 1922) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот оддел на Техничкиот факултет во Загреб (1951). Целиот работен век го поминал на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што го предавал предметот Градежни конструкции. Се занимава со архитектонско проектирање, научноистражувачка работа, публицистика и со педагошка дејност. Покрај станбени згради, проектирал и административни, училишни и индустриски објекти. Позначајни реализирани објекти: Трговска комора во Скопје (1960, со Д. Матеевиќ); Алуминиумски комбинат „20 Мај“ во Скопје (1961); Студентскиот дом во Скопје (1970). Кр. Т. Миле Томиќ