ТОМИЌ, Мимоза Несторова

ТОМИЌ, Мимоза Несторова (Струга, 21. Ⅵ 1929) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1953). Поголем дел од својата професионална активност ја поминува во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, како самостоен проектант и како директор на Заводот. Проектант е на повеќе објекти, од кои позначајни се: Музеите на Македонија во Скопје (1972, со К. Муратовски); Стоковна куќа „Скопјанка“ во Скопје (1973); Пензионерскиот дом во Струга (1983). Се занимава и со урбанистичко проектирање. Кр. Т.