ТОМИЌ, Глигорие

ТОМИЌ, Глигорие (Крушево, 1886 – Белград, 1971) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничката висока школа во Белград (1914). Како овластен проектант имал сопствено проектантско претпријатие „Полет“ во Скопје (до 1941). Проектирал и реализирал голем број индивидуални семејни куќи, трговски објекти и касарни во Скопје. Основач е и сопственик на керамичката индустрија КИС. По Ослободувањето како проектант работи во ЖТП во Скопје и во Министерството за градежништво. Кр. Т. Љубомир Томиќ