ТОМА СЛОВЕНОТ

ТОМА СЛОВЕНОТ (? – 823) – служел во малоазиската византиска војска. Во времето на Лав Ⅴ подигнал селско антииконоборско востание. Бил прогласен за цар од антиохискиот патријарх со поддршка на калифот Мамун, по што отишол во Тракија и го опсадил Цариград (ⅩⅠⅠ 821 – пролетта на 823). Царот Михаил Ⅱ со помош на Омуртаг ја отфрлил опсадата, Тома бил заробен и погубен. ЛИТ.: Б. Застерова, Дејинѕ Бѕзанце, Праха, 1992; И. Божилов – В. ГÓзелев, История на средновековна БÍлгария Ⅶ–ⅩⅣ век, София, 1999. Б. Петр. Георги Томалевски