ТОЛОВ, Лазар Миланов

ТОЛОВ, Лазар Миланов (Неготино, 24. Ⅲ 1934 – Скопје, 10. Ⅳ 1994) – фармацевт, предавач по фармакогнозија на Фарм. ф. во Скопје, директор во „Реплек“ и на Градски аптеки – Скопје, како и во билкарството и производството во „Алкалоид“. Особен придонес има за развојот на галенските лаборатории и изработката на магистрални лекови во аптеките. Л. П.-Т.