ТОЛОВСКИ, Диме

ТОЛОВСКИ, Диме (Кавадарци, 17. ⅩⅠⅠ 1925 – Москва, 8. Ⅱ 1992) – дипл. град. инж., лексикограф, преведувач и новинар-радиоспикер. Како гимназијалец, од 1942 г. се вклучува во Народноослободителното движење, првин како легален активист, а потоа во 41. дивизија на НОВМ. По Ослободувањето предава математика и физика во Гимназијата во Кавадарци (1944–1946) и учествува во општествено-политичките организации во градот. По предлог на Владата на ФНРЈ, испратен на студии во СССР (1946). Станува градежен инженер со постдипломски студии, но по Резолуцијата на ИБ (1948) останува во Москва и се определува за водител на секојдневната Емисија на македонски јазик на Радио Москва. Преведува поезија и проза од македонски на руски и обратно, а со припомош на рускиот филолог В. М. Илич-Свитич го составува првиот Македонско-руски речник (од 30.000 зборови, со кратка граматика), под редакција на Н. И. Толстој. Почина во Москва, а посмртните останки (по негово завештание) се погребани во неговиот роден град (2. Х 1993). БИБ.: Македонско-русскиŸ словарÍ. Составили Д. Толовски и В. М. Иллич-СвитÎч под редакциеŸ Н. И. Толстого. С приложением краткого грамматического справочника, составленного В. М. ИлличСвитÎчем, Москва, 1963, с. 576. Бл. Р.