ТОЗИЈА, Драги

ТОЗИЈА, Драги (Ресен, 4. Ⅹ 1919 – Скопје, 19. Ⅲ 1983) – политичар и општественик. Борец во НОБ од 1941 г. Извршувал должност политички комесар на ⅩⅠⅠ бригада и на ЏЏЏЏИ дивизија, а по Ослободувањето бил полковник во ЈНА. Заземал високи функции во Министерството за внатрешни работи на РМ, во Културно-просветниот собор на Собранието на РМ, бил член на ЦК на СКМ и во други општествени и политички организации и тела. Еден од основачите на Македонската телевизија и нејзин прв генерален директор (1964-1967). Работел и како директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците. Ј. Ф. Андреј Токарев