ТОДОРОВСКИ, Јордан

ТОДОРОВСКИ, Јордан (Скопје, 26. Ⅹ 1922 – Скопје, 17. Ⅹ 2005) – оперски певец, тенор. Пеење учел приватно кај П. Холотков. Во Операта на МНТ бил од 1950 до 1963 и од 1966 до 1983 г. Во почетокот бил член на хорот, а од 1954 е во солистичкиот состав на Операта. Остварил над 50 улоги. ПОЗНАЧАЈНИ УЛОГ: Белмонте („Грабнување од Сарајот“), Гроф Алмавива („Севилскиот бербер“), Вашек („Продадена невеста“), Лионел („Марта“), Ернесто („Дон Пасквале“), Ерошка („Кнез Игор“). Ф. М. Томислав Тодоровски