ТОДОРОВСКИ, Томислав

ТОДОРОВСКИ, Томислав (Куманово, 9. Ⅱ 1937) – литературен историчар. Бил редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, негов декан и претседател на Советот на Факултетот, раководител на Семинарот за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Негов интерес се книжевните процеси, авторите и делата од македонскиот ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в. БИБ.: Спомените на Исаија Мажовски, Ск., 1972; Кочо Рацин во средното училиште, Ск., 1976; Кузман шапкарев, Избор, Ск., 1982; Кузман А. шапкарев, Записи, Ск., 1990; Никола Киров Мајски, Драми, Ск., 1991; енциклопедиските прирачници Македонија – настани, личности и дела, Ск., 1999 и 2000; Согледби, Ск., 2005. В. Тоц. Христијан Тодоровски-Карпош