ТОДОРОВСКИКАРПОШ , Христијан Ангелов

ТОДОРОВСКИ -КАРПОШ , Христијан Ангелов (Куманово,3. Ⅸ 1921 – Билјача, Бујановац,7.Ⅱ 1944) – народен херој. Како ученик во Ⅷ клас станал член на СКОЈ (1939), а потоа и на КПЈ (1940). Бил еден од организаторите на НОАВМ во Куманово, член на штабот на Козјачкиот НОПО (12 Ⅹ 1941), а по неговото разбивање, првин се илегализирал во Куманово, а потоа заминал како борец на Вториот јужноморавски НОПО (кон крајот на 1941). По нападот на рудникот Лојане ја загубил врската со одредот и се приклучил на Кукавичкиот НОПО (до крајот на 1942), а потоа пак се вратил во Јужноморавскиот НОПО (до средината на 1943). Го искористил испраќањето како курир во Куманово и притоа, во согласност со МК на КПМ, бил еден од организаторите и станал командант на Кумановскиот НОПО (26. Ⅵ 1943). По неколку успешни борби, до крајот на годината одредот нараснал на околу 120 борци, по што, по наредба на штабот на Петтата оперативна зона на НОВ и ПОМ прераснал во Први кумановски НО баталјон „Јордан Николов-Орце“ (1. ⅩⅠⅠ 1943). Загинал во неразјаснети околности. Прогласен е за народен херој на Југославија (29. Ⅶ 1945). Опеан е во повеќе народни песни. ИЗВ.: Јордан Цеков-Дане, Сеќавање за Христијан Тодоровски-Карпош, „Беседа“, Ⅷ, 16, Куманово, јуни 1979, 39-53; Куманово и Кумановско во НОВ 1941– 1945. Документи, Куманово, 1988. ЛИТ.: Тодоровски Христијан-Карпуш, „Виорни дни“, Скопје, 1957, 315; Боро Чушкар, Христијан Тодоровски – Карпош, Куманово, 1965; Методи Петровски – Драгољуб Димовски, Карпош – козјачка легенда, Скопје, 1971; Видое Подгорец, Тодоровски Ванѓел Христијан – Карпош (1921-1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 374–379; Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976, 1920; Јордан Цеков-Дане, Како Христијан се нарече Карпош, „Нова Македонија“, ЏЏЏИВ, 11154, Скопје, 11. Ⅱ 1978, 2; истиот, Смртта на легендарниот Карпош, „Нова Македонија“, ЏЏЏВ, 11505, Скопје,2.Ⅱ 1979, 8; Тоде-Мали Саздовски, Смртта на прославениот командант,„Нова Македонија“, ЏЛ, 13306, Скопје, 7. Ⅱ 1984. С. Мл. Вангел Тодоровски-Мајсторот ТОДОРОВСКИ-МАЈОРОТ, Ван-гел Наумов (Битола, 1920 – Битола, 24. Ⅳ 1942) – берберски работник, народен херој. Како раководител на берберските работници, бил активист на Урсовите синдикати, член на КПЈ (1940) и член на МК на СКОЈ во Битола. Поради комунистичката дејност, повеќе пати бил апсен. По фашистичката окупација на Македонија се илегализирал и работел во партиската техника на МК на КПЈ во Битола, а при еден обид од бугарските власти да ја откријат, го убил битолскиот областен полициски началник, по што, за да не падне во непријателски раце, се самоубил. Прогласен е за народен херој на Југославија (2. Ⅶ 1952). ЛИТ.: Александар Поповски, Тодоровски Наум Ванѓел Мајорот (1920-1942), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 380– 385; Битола и Битолско во НОВ 1941– 1942, Материјали од симпозиумот одржан на 11, 12 и 13 април 1977 година, кн. прва и втора, Битола, 1978. С. Мл. Јелица Тодорчевска