ТОДОРОВА, Лилјана

ТОДОРОВА, Лилјана (Чачак, 1934) – романист, книжевен историчар, компаратист и теоретичар, универзитетски професор, дипломат. Во 1971 г. докторира во областа на француската (компаративна) книжевност, лауреат е на Ацадемие дес Сциенс, Беллес-Леттрес ет Артс од Безансон и избрана е за странски член на оваа Академија. Била шеф на Катедрата за роман-ски јазици и книжевности, декан на Филолошкиот факултет во Скопје. Именувана е, како прва Македонка, за амбасадор на СФРЈ во Гвинеја, Сиера Леоне и Гвинеја Бисао. Автор е на повеќе од 200 научни и стручни трудови. БИБ.: Влогот на книжевната комуникација, 2002; Панорама на франкофонските литератури, 2002; Книжевни интерпретации, 2006. ЛИТ.: П. Атанасов: Лилјана Тодорова – интензивно трагање по научната разновидност (1994). П. Гил. Софија Тодорова