ТОДОРИЦА

ТОДОРИЦА – календарски обичај. Иако светиот великомаченик Теодор Тирон има и друг празник (2. Ⅲ/17. Ⅱ), народот сепак повеќе ја празнува Тодоровата сабота, првата сабота од Велигденскиот пост. На празникот се носи пченица и пченка в црква, што потоа младите ја ставаат под перницата и според сонот се прогнозира иднината. Во некои краишта се меси леб украсен со разни фигури – јарем, волови, коњи, плуг, трло со јагниња, коњски плочи и сл. Иако празникот пред сè е црковен, во него се контаминирале повеќе постари обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и разбудувањето на вегетацијата. ЛИТ.: Лазар Миркови¢, Хеортологија, Београд, 1961, 147; Марко К. Цепенков, Народни верувања, детски игри, кн. деветта, редактирале д-р Кирил Пенушлиски и Лепосава Спировска, Скопје, 1972, 18; Аритон Поповски, Македонскиот говор во Гостиварскиот крај, Гостиварски крај, Ⅱ, Гостивар, 1970, 147; Стефан Верковиќ, Македонски народни умотворби, кн. петта, подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски, Скопје, 1985, 90; Љубица и Даница Јанковиђ, Народне игре,Ⅳ, Београд, 1948, 32. М. Кит. Асен Тодоров