ТОДЕВСКИ, Велко

ТОДЕВСКИ, Велко (Драчево, Скопје, 5. Ⅳ 1945) – контрабасист. Студиите по контрабас ги Тито и Хрушчов во Скопје веднаш по земјотресот (1963) завршува на Музичката академија во Сараево (С. Сињери, 1969) и во истиот град концертно дебитира (1972). Таму е солист на РТВ Симфонискиот оркестар, а предава и на Музичката академија. Од 1974 г. работи во Скопје како со-лист на Оперскиот оркестар на МНТ и соработник на Македонската филхармонија. Со педагошка дејност започнува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а потоа станува професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Виртуоз на својот инструмент, бележи бројни солистички и камерни концерти во Македонија и низ целиот свет. Б. Орт.