ТИТОВ ФОНД

ТИТОВ ФОНД (1974–1992) – фонд за стипендирање и школување на млади работници и деца на работници. Бил формиран по иницијатива на рударите од Бор и Мајданпек (1974), а основачи биле Собранието на СФРЈ, Извршниот совет, ЦК на СКЈ, ССРНЈ, ССЈ, Сојузот на младината и Стопанската комора на Југославија. Корисници на фондот биле 11.230 ученици, студенти и млади работници од Македонија. ИЗВ.: Архива на Славка Георгиева-Андреевиќ. Вл. Ив.