ТИПОЛОГИЈА НА ШУМИТЕ

ТИПОЛОГИЈА НА ШУМИТЕ – применета шумарска дисциплина што се занимава со дефинирање и класифицирање на шумски состави, односно типови шуми. Под тип шума се подразбира омеѓен шумски состав што при определени стопански мерки нуди оптимално производство на дрвна маса по количина и по квалитет во период на техничка зрелост. Основни задачи на типологијата се разграничување на составите, определување на квалитетот на почвата и продуктивноста на стаништето. Типологијата се служи со разни методи, во зависност од природните услови и од степенот на нивната истраженост. Постои финска, украинска, ленинградска, чешка, германска, австриска метода итн. Во Македонија разграничувањето на составите се врши по фитоценолошки методи, а пониските единици се двојат по педолошки методи и во секоја таква единица се врши проценка на продуктивноста по дендрометриски методи. Типовите се именуваат по името на асоцијацијата и по некои од индикаторските видови. Секој тип посебно се опишува, а сите заедно претставуваат типолошка основа. Изработката на типолошката основа се врши кога шумата треба да се обнови по вештачки пат. Р. Р. Група затвореници во Тиранскиот затвор