ТИКОВ, Ботју

ТИКОВ, Ботју (Сандански, 13. Ⅸ 1956) – претседател и копретседател на ОМО „Илинден“– ПИРИН. Дипломиран инженер по рударство. Учествувал на парламентарните избори (2001) како независен кандидат поддржан од ОМО „Илинден“– ПИРИН. Учесник на Националната конференција за политичката дејност на малцинствата (Софија, 2005), член на делегацијата при посетата на седиштето на ЕФА (Европската слободна алијанса). ЛИТ.: Стојко Стојков, Македонските организации „Илинден“ во Пиринска Македонија (1998–2002), зб.: Сто години Илинден (1903–2003), Прилози од научниот собир одржан на 6–8 мај 2003. И, Скопје, 2005; „Народна воля“, ⅩⅩⅢ/4, Благоевград, 2002. В. Јот. Св. Тимотеј