ТИКВЕШ

ТИКВЕШ“ – камено-земјена брана со тенко, благо наклонето глинено јадро, највисока насипна брана во некогашна Југославија (104 м), завршена е во 1968 г., на Црна Река, кај Кавадарци. Лоцирана е на тесно место, долга 338 м, со волумен на телото од 2,72 3 милиони м формира акумулаци3 ја од 475 милиони м, 22 км долга, наменета за наводнување и производство на електрична енергија (4 агрегати, ревитализирани последниве години). Придружни објекти: шахтен преливник (капацитет 3 1800 м /с), преливен тунел (Д=10 м), тунелски темелен испуст, прибранска хидроцентрала, зафат и тунел за наводнување и др. Значаен објект за нашата енергетика и водостопанство. Љ. Т.