ТИКВЕШ

ТИКВЕШ“ (Кавадарци, 30. И – 31. Ⅶ 1942) – весник на бугарската окупаторска власт. Редактор бил Б. Видов, а соработници Јордан Анастасов, Јордан Бадев, Димитар Поппандов-Пешковски, Георги Трајчевски и др. Објавени се вкупно 7 броја. шестиот број бил посветен на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Написите се главно со содржини од стопанскиот и културниот живот на Тиквешијата. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 462-463; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 154. С. Мл. Камено-земјената брана „Тиквеш