ТИКВЕШ

ТИКВЕШ“ – хидромелиоративен систем, изграден во 1970 г. Наводнува околу 15.000 ха во кавадаречкиот, неготинскиот и велешкиот регион. Основниот извор на водата е акумулацијата „Тиквеш“, која обезбедува 90 ми3 лиони м вода. Магистралните (лев и десен) и главните канали за наводнување во сите три региони се долги 140,6 км, разделните и групните канали имаат вкупна должина од 55 км, а должината на деталната мрежа изнесува 570 км. На најголемиот дел од површините наводнувањето се врши гравитационо, додека за наводнување на 19% од вкупната површина се врши пумпање на водата со три пумпни станици поставени на магистралните канали. Главна култура во тиквешкиот регион се лозовите насади кои се застапени на околу 50% од површините. Други култури: овошни насади, градинарски култури, индустриски и фуражни растенија, пченка и житни култури и др. Системот е рехабилитиран во периодот од 1998 до 2006 г. преку проект заеднички финансиран од Светската банка, Холандија и РМ. Ст. Дод.