ТИКВЕШКА КОТЛИНА

ТИКВЕШКА КОТЛИНА – се протега во Средно Повардарје на РМ, а го зафаќа рамниот и брановиден простор помеѓу Велешката Клисура на север и Демир Капија на југ. Од исток и североисток е

ГЊх било во 2000 г.
Лозови насади во Тиквешката Котлина

Тиквешко Езеро
заградена со средно високите Конечка и Градешка Планина, а од запад со Козјак, Дрен Планина и Бабуна. Зафаќа површина од
2.518 км², а лежи помеѓу 100 м и
2.166 м н.в. Котлината има издолжен облик со должина од 50 км, а ширина од 40 км. Таа била формирана со тектонските движења во неогенот, а потоа во неа егзистирало Тиквешкото Езеро. Во котлината се издвојуваат неколку морфолошки целини: Витачево, Росоманско Поле, Сландол, Пепелишко Поле и др. Владее променето средоземноморска клима со мало годишно количество врнежи од 476,7 мм. Во котлината постојат погодни услови за одгледување на повеќе земјоделски култури, дури и за т.н. „топлољубиви“ (афион, сусам, памук, особено винова лоза и др.), но се одгледуваат и: жита, тутун, зеленчук, бостан и др. Во котлината се развиле две градски населби: Кавадарци и Неготино.
ЛИТ.: Стојмилов А., Физичка географија на Р Македонија, Скопје, 2003. Т. Анд.