ТЕШКА КРСТАЧКА

„ТЕШКА КРСТАЧКА“ – македонско машко народно оро во ме-тар 6/8. Најчесто се играло во Кочанско. Држењето на рацете е за рамо. Движењето на играорците е традиционално, во полукруг, темпераментно, со подрипливи чекори и балансирања на телото. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 110. Ѓ. М. Ѓ.