ТЕХО, Тетовски хорски одзиви

ТЕХО, Тетовски хорски одзиви – фестивал на македонска хорска музика, кој во Тетово се одржува биенално (секоја втора година). Основан е во 1973 г. за да го унапредува аматерското хорско музицирање и да го поттикнува до-машното хорско творештво. Програмската идеја на фестивалот уште од почетокот била биенално да се претставува опусот на еден македонски композитор, низ натпреварувачки карактер, со учество на хорови од целата Република. Б. Орт.