ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ – пораст на БДП под дејство на технолошките промени во најшироката смисла на зборот. Општествено-економскиот развој на Македонија по Втората светска војна во голема мера беше заснован врз штедењето и инвестирањето во физичкиот капитал (згради, машини, опрема). Ваквиот тип економски раст во основа е ограничен поради дејството на законот за опаѓачките приноси. Од друга страна, економскиот раст фундиран врз технолошките промени во најширока смисла (нови технологии, иновации, образование, научноистражувачка работа, менаџерски и претприемнички знаења и сл.) е во можност да ги помести производните граници на општеството нагоре, со иста количина на постојните ресурси. Во раните транзициони години индикаторите за оценка на технолошкиот развој на земјата беа крајно неповолни: во економската структура на земјата преовладуваа гранки со ниска и средна технолошка интензивност, степенот на истрошеност на фиксниот капитал во македонската индустрија, во просек, беше над 70%, иновациската активност (мерена преку бројот на пријавените и прифатените патенти слаба – не повеќе од 10 до 20 на годишно ниво), учеството на трошоците за истражување и развој во БДП на земјата ниско (помало од 0,5% ) итн.
Состојбите не се битно променети до денешни дни, а во некои сфери се дури и влошени – трошоците за истражување и развој, на пр., се сведени на 0,2% од БДП, со претерана концентрација во владиниот сектор и во секторот на високото образование и минимално учество на бизнис-секторот, што е атипична состојба во однос на онаа во развиените земји. На почетокот од 2007 г., околу 20% од популацијата на Македонија користи интернет, наспроти, во просек, 50% во земјите-членки на ЕУ. И покрај неповолните индикатори за технолошкиот развој, сметководството на економскиот раст покажува дека во периодот 1997–2000, македонската економија постигна просечна стапка на пораст на БДП од 3,4%, од што дури 60% од растот можат да се припишат на технолошките промени во најшироката смисла. Македонија нема прифатено сопствена стратегија за технолошки развој. Од друга страна, реформите и приближувањето кон ЕУ придонесоа, во поново време, владините гарнитури посериозно да се свртат кон унапредување на
конкурентноста на економијата,
Зградата на Електротехничкиот факултет, Скопје
креирање на поволна бизнис-клима и кон поддршка на развојот на информационите технологии, како значајни сегменти на технолошката политика.
ИЗВ.: Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија,