ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТСкопје – основан во 1949 г., со два оддела – Градежен и Архитектонски. Наставата започнала во октомври 1949 г., во дел од денешната зграда на Архитектонскиот и Градежниот факултет, тогаш с“ уште во изградба. Во почетокот биле ангажирани кадри школувани во странство и специјалисти од другите републики во Југославија. Набргу се оформиле лаборатории, библиотека, се развила научноистражувачка и издавачка дејност и се создале услови за отворање нови оддели: Машински, Електротехнички и Технолошко-металуршки (1959). Постоел до 1965 г., кога се разделил на три факултети: Архитектонско-градежен, Електромашински и Технолошко-металуршки. Одиграл пионерска улога во оформувањето на првите инженерски кадри кај нас во времето кога биле најпотребни и изградил темели за посебни факултети од областа на техниката (в.: Архитектонски факултет, Градежен факултет, Машински факултет, Електротехнички факултет и Технолошко-металуршки факултет). Љ. Т.