ТЕХЕЛЕТ ЛАВАН

ТЕХЕЛЕТ ЛАВАН – НЕЦАХ (сино-бело знаме) во Македонија (1935) – еврејска работничка младинска лево ориентирана организација. Дејствувала во градовите населени со еврејско население. Членовите биле обучувани на земјоделски работи за заминување во Ерец Израел. Во Скопје на чело на кенот биле Видал и Моше Сапорта. Најголем кен имало во Битола, со преку 300 членови, со кој раководеле Нисим Алба, Виктор Мешулам и др. Во Штип имало кен од 15 луге на чело со шмуел Јаков Коен. Најголемиот број членови стапиле во партизанските одреди. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам. Голем тетреб Теќето „Серсам Али-Баба“, Тетово Техничкиот факултет, Битола