ТЕУТАЈ

ТЕУТАЈ (Теутаос) – пајонски владетел, познат по една сребрена монета пронајдена на локалитетот Маркова Кула, кај селото Корешница, Демиркаписко. На монетата е претставен бик што стои надесно на аверсот и кантарос во вдлабен квадрат и испишан текст ТЕЅТАО(С) на реверсот. Едни ав-тори ја датираат во втората половина наV в. пр.н.е.,а други во првите децении на Ⅳ в. пр.н.е. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија во Ⅱ и И милениум пред н.е., Скопје, 1999. К. М.-Р.