ТЕТОВСКИ ПАШИ

ТЕТОВСКИ ПАШИ (ⅩⅤⅠⅠⅠ / ⅩⅠⅩ в.) – османлиски феудалци од албанско семејство што во ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век владееле во северниот и средишниот дел од Македонија. Почетокот на нивното владеење е поврзано со името на Хасан, син на католичкиот конвертит Ѓорѓе Бита, кој во средината на ⅩⅤⅠⅠ в. дошол во Тетово од Северна Албанија. Најпознати од нив биле Реџеп Ⅱ (17361819), Џеладин-бег Охридски, Вели-бег Кичевски, Абдулрахманпаша Тетовски, Хавзи-паша Скопски, Хасан-паша ќустендилски. ЛИТ.: Тосков, Тетовските паши, Сборник на народни умотворения, наука и книжина,Ⅺ, София, 1894; Тетово и тетовско низ историјата,И. Од предисторијата до крајот на Првата светска војна, Тетово, 1982. Др. Г.