ТЕРМИТИ

ТЕРМИТИ (Исоптера)– инсекти со средна големина, слични на мравките. Најчесто се белузлаво обоени, по што се нарекуваат бели мравки. Живеат во заедници составени од различен број единки кај кои постои поделба на работа-Термити та. Живеат вземи. Градат цврсти населби составени од земја и секрет. Се хранат со сува дрвна материја. Се одликуваат со голема плодност. Една оплодена женка може да положи дневно околу 30.000 јајца. Термитите живеат претежно во жешките предели на Африка и Америка и градат високи термитници. Од 2.500 видови термити само мал број живеат во јужна Европа. Во Македонија се среќаваат само два вида: Ретицулитермес луцифугус Росси и Цалотермес флавицоллис Фабр. ЛИТ.: Зора Караман, О термитима Југославије, Фрагмента балцаница. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1 (3): 21-30; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991. В. Т. К.– М. Кр.