ТЕОФИЛ ТИВЕРИОПОЛСКИ, св

ТЕОФИЛ ТИВЕРИОПОЛСКИ, св. (Струмица, Ⅷ в.) – македонски иконозаштитник. УШТЕ како дете го изучувал Светото писмо, ги напуштил родителите и се замонашил кај отец Стефан. При монашењето не го променил крстеното име и останал да се вика Теофил. Познат бил по неговата заштита на иконите од иконоборството. Се празнува на 23 октомври. ЛИТ.: Александар Донски, Сите светители од Македонија, Штип, 2006; Добрила Миловска и Јован Таковски, Македонска житијна литература Ⅸ-ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1996; Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје, 1997. Рат. Гр. Теофилакт Охридски, параклис на црквата „Св. Јован Претеча“ во Протатон, Света Гора (1526)