ТЕОФАН И

ТЕОФАН И – гревенски митрополит (првата половина на 1676) и охридски архиепископ (втората половина на 1676). Од јеромонах (до 1676), со итрина станал митрополит и во истата година и архиепископ. По претставката за неканонски избор од седум фанариотски архијереи и костурски градски првенци Грци, на чело со костурскиот митрополит Давид и велможата Константин Евпрагиоти Кунопаки, во политиката за замена на домородните архиепископи, бил разрешен од свиканиот собор од страна на цариградскиот патријарх Дионисиј Ⅳ, со учество на антиохискиот и ерусалимскиот патријарх, 23 митрополити од Цариградската црква и 7 архијереи од Охридската. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, т. 2. От падането $ под турците до неŸното униÈожение (1394–1767), София, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија),„Годишен зборник“, Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002, 74; Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, книга прва, Скопје, 1989. С. Мл.