ТЕОДОСИЕВСКИ, Стево

ТЕОДОСИЕВСКИ, Стево (Кочани, 16. Ⅳ 1924 – Скопје,9.Ⅳ 1997) – композитор на песни во народен дух, естраден уметник, музички педагог и хуманист. Бил учесник во НОБ, а по демобилизирањето бил член (хармоникаш) во Народниот оркестар на Радио Скопје. Подоцна го основал својот Ансамбл „Теодосиевски“ Стево Теодосиевски (1953). Автор е на околу 100 песни и на околу 500 аранжмани. Со својот музички ансамбл го афирмирал македонскиот музички фолклор во светот, особено во соработка со својата сопруга естрадната уметничка Есма Реџепова-Теодосиевска (в.). Во својата Музичка школа школувал над 120 деца од ромската националност. Негови најпознати песни се „Запеј Македонијо“ и „Зошто си ме мајко родила“, како и ората „Милкино“,„Моминско“,„Романо“ и „Соборско“. С. Мл. Митрополитот Теодосија Скопски