ТЕОДОСИЕВСКИ, Душан Тодоров

ТЕОДОСИЕВСКИ, Душан Тодоров (Куманово, 17. Ⅴ 1922 – Скопје, 14. ⅩⅠⅠ 2002) – спец. педијатар, редовен проф. на Мед. ф. (од 1976). Бил учесник во НОБ (1944). Студии по медицина завршил во Белград (1949). Специјализирал педијатрија во Белград и Скопје и специјалистичкиот испит го положил во 1954 г. Хабилитирал на тема „Ревматичната болест во детството“ (1959). Имал повеќе општествени функции во Советот за народно здравје на СРМ и во Заводот за заштита на мајки и деца, бил директор на Специјалната (детска) болница за туберкулоза (1972–1987), претседател на МЛД и на Сојузот на лекарските друштва на СФРЈ. Во последните години се занимавал со пулмолошките проблеми во детството, како и со менталните проблеми во детството и адолесценцијата. Раководител бил и на Медицинско-педагошкото советувалиште во Скопје. Коавтор на „Учебникот по педијатрија“ (1950) и на над 60 стручни трудови. Н. П.-Ј.