ТЕОДОР И АНГЕЛ

ТЕОДОР И АНГЕЛ (ок. 180/85 – по 1253) – епирски владетел и солунски цар (1214–1230). Енергичен и амбициозен владетел, си поставил цел да го освои Цари-град и да ја обнови Византија. Ги поразил Латините во албанските клисури (1217), го освоил Солун (1224). За цар бил крунисан од охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан. Македонија претставувала централна област во неговата држава, а Охрид, центар на духовниот и на културниот живот. Бил поразен и бил заробен од Бугарите во битката кај Клокотница (1230). Починал во заробеништво во Никеја. ЛИТ.: Д. Ницол, Тхе Деспотате оф Епирус,Оџфорд, 1957; К. Барзос, шХ Генеалог«а тïн Комнхнïн,???????Ⅱ, Но 168, Солун, 1984. К. Аџ.